Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Од скромните почетоци во 1824 година, The Macallan прераснува од мал локален производител во глобална индустрија со бројни меѓународни признанија, пред сé поради континуираната грижа за квалитетот. Master blender-от и неговиот тим дегустираат илјадници примероци секоја година за да го зачуваат и создадат уникатното Macallan виски, познато низ целиот свет. Богатата палета на бои на Macallan вискито се добива само од созревање во веќе споменатите премиум дабови буриња. Како што и сугерира името, посебноста на ова извонредно Macallan виски е во комбинацијата на блендот од три вида на буриња. Првите две, од европски и американски даб во кој претходно лежело шери, а третото од американски даб во кое претходно лежел бурбон.