Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Летото е совршен момент да направиш чекор кон кариера што те инспирира , а Coke Summership е токму местото каде што тоа почнува.
Биди дел од програма каде што ќе учиш од искусни професионалци, ќе стекнеш реално работно искуство и ќе запознеш нови луѓе, а сето тоа во компанија која е дел од две интернационални групации Coca‑Cola HBC и HEINEKEN. Тоа е нашата летна пракса во Пивара Скопје АД – место каде твојата амбиција и нашиот свет се среќаваат.
Coke Summership е наменет за студенти кои се во последна година од своите додипломски студии или се на магистерски студии, на кој било Универзитет во земјата. Програмата ти нуди целосно бизнис искуство кое ќе ти помогне да ја започнеш твојата професионална приказна на вистински начин.
Седма годима по ред, Coke Summership ги отвора вратите на светот на Пивара Скопје и досега 100 учесници успешно ја завршија оваа програма- дел од нив се денес наши колеги, успешни Пиварци.
Подготви се за поинакво лето, каде ќе го откриеш нашиот свет и ќе ја започнеш твојата иднина!
ШТО НУДИМЕ?
ШТО БАРАМЕ?
Ако чувствуваш дека е време да направиш вистински чекор за твојата кариера – ова е твојот момент.
✨ Аплицирај најдоцна до 10.06.2026год