Subscribe to Our Monthly E-Newsletter
Фудбалот има единствена моќ да ги обедини луѓето, без разлика на јазикот, културата или местото од кое доаѓаат. Токму затоа Coca-Cola повеќе од пет децении е дел од најголемата светска фудбалска приказна, создавајќи искуства кои ги поврзуваат навивачите со играта што ја сакаат и ја пренесуваат фудбалската магија од трибините до секој дом.
Во пресрет на FIFA World Cup 2026™, најголемото Светско првенство во историјата на фудбалот, Coca-Cola продолжува да ја слави страста кон спортот преку глобални кампањи, активности за навивачите и иницијативи што ја носат енергијата на турнирот до милиони луѓе ширум светот.
Светското првенство оваа година ќе одржи во САД, Канада и Мексико и за првпат ќе обедини 48 национални репрезентации, отворајќи ново поглавје во историјата на овој спорт. Турнирот започнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, носејќи повеќе од еден месец врвен фудбал, незапирлива возбуда и моменти што ќе го задржат вниманието на фудбалските фанови низ целиот свет.
Како дел од подготовките за најочекуваниот спортски настан во светот, Coca-Cola ја претстави и својата официјална музичка химна за FIFA World Cup 2026™ – „JUMP“, современа интерпретација на легендарниот хит на Van Halen, во изведба на светските музички ѕвезди J Balvin и Amber Mark, заедно со Steve Vai и Travis Barker. Песната ја доловува енергијата, возбудата и заедништвото што ги носи фудбалот, пренесувајќи порака за славење на моментите што нè поврзуваат.
https://youtu.be/NWOALJ0C0I8?si=ooQsqzM3qO22bgWK
Возбудата околу FIFA World Cup 2026™ не се случува само на терените. Преку Coca-Cola Супер Наградна Игра, потрошувачите добиваат можност да станат дел од фудбалската приказна и да освојат повеќе од 12.000 награди. Со секое промотивно пакување и внесен код во Coca-Cola апликацијата, навивачите се доближуваат чекор поблиску до незаборавни фудбалски моменти и награди инспирирани од најголемата спортска сцена во светот.
Музиката и спортот отсекогаш биле важен дел од начинот на кој Coca-Cola создава незаборавни искуства за потрошувачите. Од легендарните светски кампањи до навивачките активности кои ги доближуваат љубителите на фудбалот до нивните омилени репрезентации, брендот продолжува да создава моменти на радост, оптимизам и заедничко славење.
FIFA World Cup 2026™ не е само најголемиот спортски настан во светот – тоа е глобална прослава на заедништвото, различноста и човечката поврзаност. Милиони луѓе од различни култури, јазици и земји споделуваат иста емоција, страст и незаборавни моменти. Токму овие вредности Coca-Cola ги негува и обединува со децении, создавајќи радост и поврзаност ширум светот. Во месеците што следуваат, овие пораки повторно ќе бидат во фокусот, инспирирајќи нови генерации да слават заедно.
Како дел од портфолиото на Пивара Скопје, Coca-Cola со гордост ја продолжува оваа традиција, носејќи ја атмосферата на најголемата светска фудбалска сцена поблиску до нашите потрошувачите и навивачите.
Светското првенство е моментот кога страста, адреналинот и фудбалската еуфорија го освојуваат целиот свет! Подгответе се за незаборавни натпревари, силни емоции и моменти за славење кои ќе се паметат. Фудбалската магија ќе се чувствува на секој чекор, обединувајќи навивачи од сите страни на светот. Време е да навиваме, да се радуваме и заедно да ја живееме најголемата фудбалска приказна на годината!