Subscribe to Our Monthly E-Newsletter
1. Во период кога Пивара Скопје бележеше четири последователни рекордни години, кои беа најважните одлуки или стратегии што го направија тој раст возможен?
М. Путин: Последните четири години беа навистина успешни за Пивара Скопје, и покрај сите предизвици што ги носеа пазарните услови од година во година. Клучот за успехот ни беше јасната стратегија за градење на портфолиото и продажба по канали, со која обезбедивме нашите брендови да им бидат достапни на консументите во вистинско време, на вистинско место и за секоја пригода.
Особено сум горд на развојот на нашето 24/7 портфолио, со кое одговораме на различните потреби на потрошувачите во текот на целиот ден – од утринскии дневни моменти, па сè до вечерни дружења и забава.
Но, ниту една стратегија сама по себе не носи резултати. Тоа што направи разлика е тимот, неговата енергија, брзината во адаптација и способноста да реагира на промени. Верувам дека добра стратегија треба да живее на пазарот, а не само во презентации. Токму таа комбинација на јасна насока, квалитетна егезекуција на пазар и посветен тим ни ги донесе резултатите што ги постигнавме.
2. Под ваше водство компанијата значително го прошири портфолиото и надвор од традиционалните категории. Колку денешниот потрошувач бара разновидност и како се препознаваат новите можности на пазарот?
М. Путин: Навиките на потрошувачите денес се менуваат побрзо од било кога. Во последниве години гледаме големи промени во стилот на живот, очекувањата на потрошувачите и во категориите што растат. Трендови како поздрав начин на живот, производи со помалку или без шеќер, помала консумација на алкохол и развој на премиум категориите сè повеќе го обликуваат пазарот.
Нашата работа е да ги слушаме внимателно потрошувачите, да ги следиме трендовите и сето тоа да го претвориме во конкретни бизнис можности. Затоа постојано го развиваме нашето портфолиото – од безалкохолни и low/no alcohol опции, преку премиум пивски брендови, па сè до проширување во други категории пијалаци.
Верувам дека компаниите што растат не се тие што ја предвидуваат иднината, туку тие што најбрзо ги препознаваат промените и се прилагодуваат на потребите на потрошувачите. Пивара Скопје е доказ за тоа.
3. Споменувате двојно зголемување на NPS резултатот и силни партнерства со трговците. Што е клучно за градење долгорочна доверба со партнерите во еден конкурентен FMCG сектор?
М. Путин: Купувачот и потрошувачот ни се во центар на сè што правиме. Тоа не е само нешто што го кажуваме како корпоративна фраза, туку нешто што навистина го живееме секој ден и според кое ги градиме односите со нашите партнери.
Многу ни е важно да имаме отворена и искрена комуникација. Редовно бараме фидбек – не само за да слушнеме што правиме добро, туку уште поважно, каде можеме да бидеме подобри. Токму тие разговори ни помагаат да ги подобриме работите и да ја унапредиме соработката. Ние сакаме да бидеме партнер на кој може да се потпреш – не само кога работите одат добро, туку и кога има предизвици. Постојано се трудиме навреме да ги препознаеме и заедно да најдеме решение.
Довербата на долг рок не се гради со еден проект, туку со конзистентност, транспарентност и вистинско партнерство секој ден. Кога купувачите гледаат дека си фокусиран на нивниот успех исто колку и на својот, тогаш се случува онаа вистинска обострано корисна соработка.
4. По успешниот период во Македонија, следниот чекор е нова позиција во Heineken компанијата. Со какви искуства и лекции од Пивара Скопје заминувате во новата улога?
М. Путин: Пред сè, заминувам со голема благодарност. Четири години во Пивара Скопје ми беа едно од најубавите и највредни професионални искуства во кариерата. Имав шанса да работам и растам со одлични колеги, купувачи и партнери, и заедно да направиме резултати со кои навистина можеме да се гордееме. Една од најважните лекции што ја носам со себе е дека кога тимот верува во стратегијата, знае каде оди и е целосно посветен, резултатите доаѓаат сами. А кога работите не одат по план, токму посветеноста, прилагодувањето и тимскиот дух се тие што прават разлика. Пивара Скопје засекогаш ќе има посебно место кај мене. Со моето семејство во Македонија стекнавме пријатели за цел живот и создадовме спомени што долго ќе ги чуваме. Од Пивара и од Македонија заминувам побогат – и како човек, и професионално. Како што си викаме во Пивара – “Eднаш Пиварец, засекогаш Пиварец!” И искрено, целосно стојам зад тоа 😊
Интервјуто е реализирано за Економија и бизнис