Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
02 септември,Се формира „Парна Пивара АД“, првата голема пиварница на овие простори.
Основачи се двајца Чеси, инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник. Изградбата на фабриката започнува во 1922 на земјиште од 32.347 м2, покрај железничката линија Скопје – Ниш, два километра источно од Скопје.
Одлуката за инвестиција во Скопје е донесена затоа што јужно од Јагодина немало ниту една пиварница. Локацијата е внимателно избрана – во близина на железничката пруга и плодни полиња со јачмен и пченица, клучните состојки за производство на пиво.
Пиварницата е пуштена во употреба. Се точи првата чаша пиво по стар чешки рецепт, со посебен вкус добиен од локалната бунарска вода на Скопје, пиво кое подоцна, генерација по генерација до ден денес, ќе го препознава едноставно како СКОПСКО.
Во периодот пред војната, пиварницата годишно произведувала:
„Парна Пивара АД“ добива дозвола за снабдување на целиот јужен регион на тогашната држава, по што компанијата наскоро ќе ги отвори своите магацини и ледени куќи во Куманово, Прилеп, Битола, Струмица и Косовска Митровица.
Административните и производствените капацитети на Пиварницата до 1941 година биле сместени на 5.919 м2. Тие опфаќале главна фабричка зграда, одделение за слад, мелничко одделение, варилници за варење на пивото, одделенија за ладење на пивото, за ферментација, за одлежување на готовото пиво, за миење, полнење и за пастеризирање на пивото, заедно со четирите одделенија за киснење, миење, смолење на бурињата, за полнење на бурињата со пиво и производство на мраз, како и одделенијата за машинско и техничко одржување.
Пред војната работниот ден во Пиварницата траел осум часа. Бидејќи пивото најмногу се пиело во лето, од 1-ви април до 30-ти септември се работело секој ден. Во есен и зима работата се сведувала на три дена неделно. Но, во последните три години пред војната побарувачката пораснала, па се работело секој ден во текот на целата година.