Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Војната не му донела никаква загуба на претпријатието. Напротив, во тој период производството растело и претпријатието остварувало поголеми добивки. Тоа се должело на присуството на војниците кои консумирале многу пиво. Пиварницата работела со максимален капацитет за производство на пиво и во 1942 година производството и продажбата на пивото достигнале рекордни 33.931.30 хектолитри.
Поради големата потрошувачка на пиво се зголемува и бројот на вработени и во производство и во администрацијата на Пивара Скопје.