Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
27 јануари, Со одлука на Државната управа за народни имоти во Скопје, Индустриското друштво за производство на пиво, слад и мраз, кое дотогаш било акционерско друштво, било прогласено за државно друштво, во согласност со повоениот поредок на социјалистичката држава.
По ослободувањето настапила нова ера во работата на Пивара Скопје. Започнал периодот во кој се планирало проширување и модернизирање на претпријатието. Во првата повоена година се произведувале 20.428 хектолитри пиво, што било за 12% помалку од највисокото производство пред војната.
06 мај, Со одлука на Претседателството на Народна Република Македонија ќе се регистрира фирмата Парна Пивара – Скопје, и ова име ќе остане во наредните три децении.
На предлог на Претседателството на НР Македонија, Парна Пивара – Скопје се вбројува меѓу друштвата од најголемо значење за државата.
Направена е првата реконструкција на Пивара Скопје со примена на техничко- технолошки иновации. Тоа овозможило зголемување на капацитетите за производство на 50.000 хектолитри. Во 1958, 1963, 1969 и 1974 година следувале уште четири големи инвестиции во производството кои значајно го зголемиле капацитетот на Пивара Скопје.
Излегува „Пиварски збор“, интерно списание наменето за информирање и едукација на вработените во Пивара Скопје, но и средство за директна комуникација со потрошувачите. Приказни, новости и вести за Пивара – сè на едно место
Покрај неколку видови пиво и пивски слад, Пивара Скопје започнува со производство и дистрибуција на широк асортиман на безалкохолни пијалоци, меѓу кои: „Кола“, „Битер-лемон“, „Тоник“, „Оранж“, „Манго“ и „Сода вода“.