Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Пивара Скопје го добива првото меѓународно признание – сребрен медал за квалитет за пивото СКОПСКО, доделено од Меѓународниот институт за квалитет Monde Selection од Брисел. Во 1981 година СКОПСКО го освојува златниот медал.
Палетата на производство на компанијата се проширува со квалитетен црвен вински оцет, јаболков оцет и бел дестилиран оцет, кои долги години ќе бидат значаен дел од трпезите, освојувајќи бројни меѓународни награди за квалитет од страна на Меѓународниот институт за квалитет Monde Selection.
Направена е нова инвестиција за унапредување на производствениот капацитет, со што производството се зголемува на рекордни 1.000.000 хектолитри годишно.
Започнува иницијалната фаза од процесот на приватизација на Пивара Скопје, со пренос на сопственоста во делот на дистрибуцијата и камионите за превоз. Во втората фаза, трансформирани се дистрибутивните центри. Овој сложен процес успешно завршува во 1995 година.
Пивара Скопје станува производител на пијалаците на The Coca-Cola Company во својство на овластенa полнилница.
На пазарот се појавува „Стар Лисец“, нов бренд на пиво што нуди поинакво доживување. Силен, темен и со карактер, брзо ги освојува добрите познавачи на пивото.
Пивара Скопје станува дел од големото семејство Heineken. Со ова заедничко вложување, HEINEKEN и Coca Cola HBC стануваат сопственици на мнозинство акции на Пивара Скопје.