Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Во чест на големиот јубилеј, заедно со своите вработени Пивара Скопје одбележува нови инвестиции од 10,7 милиони евра во современа опрема и најнова технологија, кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за производство на безалкохолни пијалаци. Со овие вложувања се модернизира работењето и се поддржува долгорочниот одржлив развој на компанијата.
Се отвора и интерактивен „Experience Center“, каде што посетителите “патуваат“ низ 100-годишната историја на Пивара, можат да ја доживеат магијата на правење пиво и да уживаат во приказната зад секоја чаша. Во Центарот се изложени уметнички слики од домашни автори, како дел од националното културно богатство.
Пивара Скопје и понатаму остануваа посветена на одржувањето на највисоките позиции на нашите брендови на домашниот пазар.