Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Пивара Скопје се приклучи кон големата хуманитарна акција на општина Гази Баба, „Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ“, заедно со уште неколку други компании. Обезбедивме пијалаци од нашето портфолио за 500 семејства од ранливата категорија на граѓани во рамки на оваа општина, а ќе им бидат доставени преку Црвен Крст.
Во сите овие години постоење, нашата компанија секогаш била и останува да биде интегрален дел од заедницата, нудејќи ја својата поддршка и во добри и во тешки времиња. Тоа е дел од нашата компаниска култура, на нашите вредности и на нашето општествено одговорно делување, кое е насочено кон потребите и интересите на заедницата и на луѓето што ја сочинуваат.
Се надеваме дека на ваков начин сите заедно ќе придонесеме овие семејства да ја почувствуваат радоста на претстојните празници и да ја споделат со најблиските.
#CommunitySupport #PivaraSkopje #SocialResponsibility