• Почетна
  • За Пивара
    • За Пивара Скопје
    • За нас
    • Пивара Скопје низ годините
    • Награди и признанија
    • Извештаи и политики
  • 24/7 Портфолио
    • 24/7 Портфолио
    • Истражи го нашето портфолио
    • Безалкохолни газирани пијалаци
    • Пијалаци за хидратација
    • Енергетски пијалаци
    • Сокови
    • Пивски брендови
    • Премиум жестоки алкохолни пијалаци
    • Кафе
    • Наградни игри
  • Одржлив развој
    • Одржлив развој
    • Нашиот пристап
    • Студија за социо-економско влијание на
      Пивара Скопје во
      С. Македонија
    • ESG рангирање
    • Youth Empowered
    • Ние и заедницата
  • Кариера
    • Кариера во Пивара Скопје
    • Стани дел од тимот Пиварци
    • Бенефити за вработени
    • Кариера во продажба
    • Coke Summership
    • Запознај ги нашите луѓе
  • Медиа центар
  • Контакти
Пребарај
  • Македонски
  • English

Е-БИЛТЕН

Пријавете се на нашиот месечен е-билтен

    Отворени позиции

    ПЛАНЕР ЗА ТРОШОЦИ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (М/Ж)

    КОИ СМЕ НИЕ

    Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

    Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

    Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

    ШТО НУДИМЕ?

    • Флексибилност во организирање на работното време
    • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
    • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
    • Можност за учење и работа во SAP
    • Фит кит –бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
    • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
    • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
    • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
    • 24/7 осигурување од незгода
    • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

    ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

    • Учество во подготовката на буџетот поврзан со вработените и месечно следење на трошоците
    • Анализа на податоци за вработените и анализа на варијабли за трошоци и придобивки, број на вработени, анализа и увид за поддршка на деловните одлуки
    • Подготовка на дневни и месечни извештаи во согласност со барања од Групацијата
    • Подготовка на месечен извештај за пресметка на плати и координација и контрола на работата на надворешната компанија за пресметка на плати
    • Учество во дизајнирање, имплементација и администрација на иновативни планови за стимулации, бенефиции и награди
    • Учество во анализи на трендовите на пазарот на труд (како истражување на плати, придобивки и други поволности)
    • Подготовка на одлуки за исплата на надоместоци и други административни активности

    ШТО БАРАМЕ:

    • Универзитетска диплома – Економски факултет (финансии или сметководство и ревизија)
    • 2+ години искуство со извештаи, анализа на податоци и буџетирање
    • Искуство во пресметка на плата
    • Познавање на законските регулативи во областа на работните односи
    • Напредно познавање на MS Office алатки (Excel), Power BI
    • Изразени аналитички и презентациски способности, страст за работа со бројки и извештаи
    • Проактивност, остроумност и внимание на детали
    • Одлично владеење со деловен англиски јазик

    Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 30.05.2025г.

    Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.


    Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 100 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

    Победуваме и растеме заедно

    • Почетна
    • За Пивара
    • 24/7 Портфолио
    • Одржлив развој
    • Медиа центар
    • Кариера
    • Контакти

    За Пивара Скопје

    • За нас
    • Пивара Скопје низ годините
    • Награди и признанија
    • Извештаи и политики

    Е-БИЛТЕН

    Пријавете се на нашиот месечен е-билтен

      Услови за користење Политика за приватност Известување за колачиња

      © 2025 Пивара Скопје. Сите права се задржани.

      Портал за купувачи
      • English
      • македонски