Ова одрекување на одговорност се однесува на целокупната содржина, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на модули, вебинари, курсеви, тестови, текстуални и видео материјали (во натамошниот текст: „Содржина “), достапни преку платформата за е-учење на Пивара Академија за млади (во натамошниот текст: „Платформа“). Содржината ја креираат и обезбедуваат ангажирани обучувачи, предавачи и експерти (во натамошниот текст: „Предавачи“).

Содржината е наменета за поддршка на процесот на континуирано учење, развој на вештини и личен и професионален напредок на младите учесници. Истата се обезбедува исклучиво за информативни и едукативни цели и не смее да се смета за правен, економски, финансиски, маркетинг или друг вид професионален совет.

Предавачите кои објавуваат содржини (во натамошниот текст: „Предавачи“)  и одржуваат вебинари преку Платформата се единствено одговорни за нивната содржина, како и за усогласеноста со важечките закони и прописи. Пивара Академија за млади не сноси одговорност за точноста, целосноста или последиците од содржините обезбедени од Предавачите.

Корисниците на Платформата (во натамошниот текст: „Корисници“) се должни самостојно да ја проценат Содржината и, доколку е потребно, да побараат дополнителен стручен совет. Со користење на Платформата, Корисниците прифаќаат дека ја користат Содржината на сопствен ризик и дека самите се одговорни за своите одлуки и постапки, без разлика дали се засноваат на Содржината или не.

Платформата може да содржи линкови до надворешни веб-страници или материјали за преземање. Таквите содржини не се под контрола на Пивара Академија за млади. Линковите и материјалите се обезбедуваат исклучиво за информативни цели и Академијата не гарантира за нивната содржина, безбедност, достапност или точност.

Содржината е заштитена со важечките права на интелектуална сопственост на Предавачите или други носители на права. Самата Платформа е заштитена со права на интелектуална сопственост и е наменета за користење од страна на регистрирани Корисници. Не е дозволено нејзино изменување, репродуцирање, дистрибуција или користење за јавни или комерцијални цели без претходна писмена согласност од Пивара Академија за млади.

Ова одрекување на одговорност е дадено согласно законите на Република Северна Македонија.