Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Youth Empowered е едукативна платформа на Пивара Скопје, креирана со цел да им помогне на младите луѓе да ги развијат своите лични и професионални вештини и да се подготват за успешен почеток на кариерата.
Преку програмата „Вештини за успех“, Пивара Скопје досега реализираше над 160 бесплатни обуки, достапни за сите млади кои сакаат да стекнат знаења во областа на претприемништво, комуникации, тимска работа, лидерство , проектен менаџмент,, знаења од областа на финансиите и деловното работење, ефикасно водење преговори и продажба, како и вештини за организација и ефективно управување со времето и ресурсите. Во период од 10 години низ бесплатните обуки поминаа над 10.686 млади, од нив над 50% основале свој бизнис или се вработиле една година по посета на обуката.
Инаку, програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира уште од 1997-ма година. За досега оставарените резултати на полето на деловната едукација и својот општествен придонес, Едукативниот центар на Пивара Скопје има добиено повеќе признанија меѓу кои и „Националната награда за општествено одговорни практики“ во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.
Целта на програмата
Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.
Животни вештини (јас и другите)
Бизнис вештини (јас и работата)
Која е целта на оваа обука?
Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.
Колку време трае обуката?
Обуката ќе се оддржи во Едукативниот центар на Пивара Скопје на 10-ти, 11-ти и 12-ти декември 2025 година, од 17:00 до 20:00 часот и воедно ќе може да се следи online на Zoom. Линк за пристап за следење на обуката ќе добиете на пријавената e-mail адреса.
Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.
Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје или на следниот линк.
До кога треба да се пријавам?
Рокот за пријавување е до 09.12.2025 до 12:00 часот.
Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!