Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca‑Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Признанието беше врачено на годинешната Лидерска конференција на Coca‑Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата.
Што е Andrew David Cup?
Andrew David Cup претставува највисок Andrew David Cup се доделува од 2005 година, и ја добива само една земја – онаа што покажала доследно остварување на врвни резултати во повеќе стратешки категории, меѓу кои задоволството на потрошувачите и вработените, оперативната ефикасност, иновациите и развојот на таленти, како и застапеноста на жените на лидерски позиции. Со освојувањето на ова признание, Пиварa Скопје го потврдува континуитетот на високи перформанси и силната корпоративна култура која ја поставува компанијата меѓу најуспешните во системот.
Во изминатите години оваа награда ја освојуваа големи и силни пазари како Нигерија, Бугарија и Србија – бизнис-единици со долга традиција, бројни тимови и значително поголеми пазарни размери. Фактот што годинава токму Пивара Скопје го понесе ова признание, претставува извонреден успех и силна потврда за квалитетот на нашата работа.
Ова меѓународно признанија се резултат на заедничка посветеност, професионалност и тимски дух на сите вработени. Тие претставуваат потврда за силата на тимот на Пиварa Скопје, кој со својата енергија, знаење и истрајност ја води компанијата напред и ја позиционира како еден од водечките членови на македонскиот пазар. Со ова признание ја зацврстуваме нашата заложба за постојан напредок и раст, водени од тим кој со страст и професионалност ја гради иднината на компанијата.