Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја, 22-ри aприл, вчера во посета на Пивара Скопје беа претставниците од Американската амбасада Дијана Палекин, вршител на должноста Шеф на секторот за политички и економски прашања и Арбен Гега, Советник за трговски прашања со цел оддавање признание на Пивара Скопје за лидерската улога која ја има во земјата во делот за одржлив развој.
Во рамки на посетата, и покрај тоа што не беше во можност физички да присуствува, генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, им се обрати on-line, споменувајќи ги досегашните достигнувања и силните заложби што Пивара Скопје ги има во одржливиот развој:
Претставниците на Американската амбасада ја посетија Пречистителната станица, а беа и во обиколка на производствениот дел за безалкохолни пијалаци и се интересираа за формулата за успех како два пати се добива признанието за најдобра Coca-Cola во светот. Обиколката ја продолжија во Едукативниот центар, каде се информираа за прогресот и предизвиците на програмата за бесплатни обуки за млади „Вештини за успех“ во време на Covid-19.
Амбасадата на САД и дава постојана поддршка на Пивара Скопје, меѓудругото и преку нивното партнерство и учество во волонтерските акции “Are you recycling” што ги имавме во изминатите неколку години и неодамнешното менторство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз на Youth Empowered.
Посетата беше организирана во согласност со работните Covid-19 протоколи во Пивара Скопје.