Пријавете се на нашиот месечен е-билтен
Highland Park e сингл малт виски кое доаѓа од крајниот север на Шкотска, од островите Оркни. Highland Park е една од најстарите дестилерии и го негува традиционалниот начин на производство уште од 1789 година. Една од основните карактеристики на ова високо ценето и многу наградувано виски е димната арома, која доаѓа од процесот на сушење на сладената житарка со тресет, богато со ароми на ливадско цвеќе и зреено во европски и американски дабови буриња во кои претходно имало шери.