Subscribe to Our Monthly E-Newsletter
Се придржуваме до највисоки стандарди при изработката и селекцијата на вискито Jack Daniel’s Single Barrel. Имено, од секои сто буриња издвојуваме само едно за зреење на највисоките полици во нашите магацини, каде што, поради големите температурни промени, бојата и вкусот добиваат уште поголема длабочина.
Секое буре се одбира рачно, поради својата единствена арома и импресивен вкус, со изразени ноти на препечен даб, ванила и карамела. Производството на виски како Single Barrel не е лесна задача. Но искрено, лесното никогаш не ни било интересно.