Subscribe to Our Monthly E-Newsletter
Што го прави едно пиво навистина врвно? Не е само вкусот, туку и начинот на кој е наточено, сервирано и доживеано. Токму затоа, изминатиот период направивме чекор повеќе и организиравме тридневен Heineken Star Quality тренинг, каде бармените го усовршуваа својот „craft“ до совршенство.
На тренингот учествуваа бармени од избрани HoReCa објекти, кои имаа можност да научат како секое точено пиво може да стане вистинско искуство. Под водство на Thomas van Boheemen, глобален Star Quality менаџер од Heineken Experience – Амстердам, програмата беше комбинација од практична работа и детално совладување на петте чекори за совршено точење. Учесниците не само што ги надградија своите вештини, туку и се стекнаа со официјален сертификат, со што станаа Star Quality амбасадори подготвени да го пренесат знаењето во своето секојдневие.
Пивската приказна продолжи и надвор од формалниот дел. Во Kotur организиравме неформално дружење, каде дополнителни претставници од HoReCa каналот имаа можност да научат како правилно се точи пиво на Heineken начин. Во опуштена атмосфера, низ разговори, размена на искуства и многу наточени пива, настанот се претвори во вистинска работилница за пивска култура, која долго ќе се памети.
Нашата цел е секој објект да има услови, опрема и знаење за да го имплементира Star Quality процесот и да обезбеди врвно пивско искуство за секој потрошувач.
Затоа што следниот пат кога ќе нарачате точено, заслужува да биде совршено.