Subscribe to Our Monthly E-Newsletter
Од 1 мај 2026 година, Пивара Скопје официјално станува ексклузивен увозник и дистрибутер на портфолиото на Brown-Forman, една од водечките светски компании за производство на виски и други премиум жестоки пијалаци.
Партнерството, договорено на почетокот на 2026 година, овозможува премиум брендовите на Brown-Forman да бидат достапни на македонскиот пазар преку нашата силна дистрибутивна мрежа.
Brown-Forman е американска компанија основана во 1870 година, специјализирана за производство и дистрибуција на премиум алкохолни пијалаци. Со седиште во Луисвил, Кентаки, компанијата е една од најголемите независни производители во индустријата и е препознатлива по своето внимателно градено портфолио на глобално познати брендови.
Денес, Brown-Forman е присутен во повеќе од 170 земји и се смета за еден од клучните играчи во премиум сегментот на алкохолни пијалаци на светско ниво.
Овој чекор претставува значајна пресвртница во развојот на Пивара Скопје и дополнително го зацврстува нашето стратешко фокусирање на премиум сегментот, нудејќи квалитет, автентичност и светски признати брендови на домашните потрошувачи.
Во рамки на ова портфолио се вклучени некои од најпрепознатливите брендови во светот, меѓу кои Jack Daniel’s Family of Brands, Woodford Reserve, Gin Mare, Diplomático и El Jimador. Станува збор за внимателно одбрани премиум брендови со богато наследство, врвен квалитет и глобална препознатливост, кои носат нова вредност и поширок избор за потрошувачите и партнерите.
Со ова партнерство, Пивара Скопје дополнително го збогатува своето 24/7 портфолио – палета на пијалаци создадена да одговори на различни вкусови, стилови и пригоди, во секој момент од денот. Нашата стратегија останува јасна: континуирано да развиваме разновидна и релевантна понуда, која ги следи современите навики на потрошувачите и поставува повисоки стандарди на пазарот.
Во сржта на ова портфолио се брендови со силен идентитет и автентични приказни. Еден од нив е Jack Daniel’s, чија традиција започнува со визијата на Jasper Newton Daniel. Неговата посветеност да создаде виски на поинаков начин довела до воведување на препознатливиот процес на филтрација преку јаглен – метод што овозможува помек, избалансиран и карактеристичен вкус кој и денес го дефинира брендот.
Дополнително, процесот на одлежување придонесува за уникатноста на производот – вискито созрева во нови буриња кои не се реупотребуваат, а неговата подготвеност не се одредува според времетраење, туку според вкусот што го потврдува мастер дестилерот.
Овој спој на традиција, иновација и автентичност е она што го прави ова партнерство особено вредно. За Пивара Скопје, ова не претставува само проширување на асортиманот, туку и зајакнување на партнерствата и довербата што ги градиме со нашите соработници и потрошувачи.
Како компанија која го става купувачот во на прво место, остануваме посветени на понуда на производи што создаваат незаборавни моменти и обезбедуваат врвна