Subscribe to Our Monthly E-Newsletter
Се прашуваме: колку време, внимание и љубов се потребни за да се создаде едно совршено пиво? Затоа што во таа една секунда на првата голтка, се случува моментот кога велиме: „Мммм… освежувачко!“
Токму на оваа тема разговаравме со Томас ван Бохемен – Star Quality Manager во Heineken International B.V. – човекот кој ја носи мисијата да обезбеди конзистентно премиум искуство на секоја точена чаша, на секој пазар во светот.
За време на обуките организирани од АД Пивара Скопје, Томас ги обучуваше локалните бармени како дел од програмата Star Quality, споделувајќи знаење за уметноста на точењето пиво и вниманието кон деталите што стојат зад секоја чаша.
„Имав бармени пред мене кои мислеа дека веќе знаат сè за точење пиво. Но на крајот од обуката ми рекоа дека сега гледаат на целото искуство на сосема поинаков начин – нешто што досега не го забележувале.“
Поранешната пиварница на Heineken International B.V. во Амстердам, денес позната како Heineken Experience, претставува симбол на оваа еволуција. Отворена во 1991 година, таа нуди мултимедијално патување низ историјата на брендот, процесот на производство и културата на пивото.
Со Томас разговаравме и за уметноста на точење пиво – процес кој е многу повеќе од техника. Според него, секој детаљ, од температурата до изборот на чашата, има директно влијание врз целокупното искуство.
„Да се стремиш кон совршено точено пиво е како да постигнеш гол. Сè е во искуството – од моментот кога започнува точењето, до првата голтка што те изненадува и ти носи чувство на свежина и задоволство.“